Услови За Користење

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

ВЕ МОЛИМЕ ПРОЧИТАЈТЕ. ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА ОВОЈ САЈТ ПОДЛЕЖИ НА ОВИЕ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И НА НАШАТА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ.

Овие Услови за користење („Услови“) се појавуваат на веб сајтовите, веб страните, интерактивните карактеристики, апликации, додатоци, блогови, социјални мрежи, јазичиња на социјалните мрежи, светови од алтернативната реалност или додатоци, или други онлајн или безжични понуди што објавуваат линкови на овие Услови, без оглед на тоа дали е пристапено на нив од компјутер, мобилен уред или друга технологија (одделно за „Сајт“, или колективно „Сајтови“). Сајтовите се понудени од Columbia Pictures Corporation Limited и/или една од нивните здружени компании, (заедно „CEE“, или „ние“, „нас“, „наш“). Овие Услови ги определуваат Вашите права и обврски во поврзувањето со поединечниот Сајт што го користите (познат понекогаш како „Сајтот“). Условите на Сајтот ја вклучуваат содржината на тој Сајт, сите наши услуги овозможени на или преку тој Сајт („Услуги на Сајтот“), и било кој софтвер кој го правиме достапен на или преку тој Сајт („Софтвер“), доколку не е поинаку специфицирано. Вие го „користите“ Сајтот секогаш кога пристапувате на него (преку компјутер, мобилен уред или друга технологија), го прелистувате, се поврзувате до или од него, или на друг начин комуницирате или се поврзувате со Сајтот (или било кои делови од него) или комуницирате со други корисници преку Сајтот (вклучувајќи, без ограничување, форуми, чет соби и/или други заедници воспоставени на Сајтот). Вашето користење на Сајтот (или било кој дел од него) ја означува вашата согласност да бидете обврзани со овие Услови и Политика за Приватност и Политика за колачиња на CEE (заедно „Политика за Приватност“), што е овде вклучена со ова известување во овие Услови. Овие Услови се обврзувачки правен договор помеѓу Вас и CEE: Ве молиме прочитајте ги внимателно пред да го користите Сајтот. Вие изрично се согласувате да бидете обврзани, но не ограничени од условите утврдени во деловите означени како ОТКАЖУВАЊЕ НА ГАРАНЦИИ, ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ, ЗАДОЛЖИТЕЛНА АРБИТРАЖА, ПРЕСТАНОК И ПРИВРЕМЕНИ МЕРКИ НА ОЛЕСНУВАЊЕ. Не го користите Сајтот доколку не се согласувате со некои од условите содржани во понатамошниот текст.

Внимателно прочитајте ги овие Услови за употреба и Политика за приватност пред го користите Сајтот. Ваша е одговорноста, (а не наша) да бидете сигурни дека Вашето користење на Сајтот е во согласност со сите применливи локални закони кои се надлежни за местото од каде што го посетувате или користите Сајтот.

CEEго задржува правото, и сопствената дискреција да ги промени, модифицира и/или да додаде на овие Услови или на Политиката за приватност делумно или во целост, во било кое време. Промените на овие Услови или на Политиката за приватност ќе бидат во важност од моментот кога се објавени. Вие се согласувате да ги прегледувате овие Услови периодично како би биле свесни за било какви промени. Вашето користење на Сајтот или некој дел од него по извршените и објавени промени на овие Услови ќе се смета за прифаќање на тие промени и обврзување на вашиот договор со тоа. Ако се противите на било какви промени Вашето единствено обештетување ќе биде престанок со користењето на Сајтот. Вашата употреба на определени додатоци, функции, програми или Услуги на Сајтот (вклучувајќи, без ограничување, натпревари, лотарии, промоции, безжични маркетинг можности, слика или видео или друго Корисничко барање (објаснето подолу) можности за префрлање/објавување, RSS feed-ови, итн.) понудени на или преку Сајтот може да бидат предмет на дополнителни или специјални услови („Специјални Правила“), и пред да користите такви додатоци, функции, програми или Услуги, може да биде побарано од Вас да прифатите и такви дополнителни Специјални Правила. Сите Специјални Правила се инкорпорирани во овие Услови како што е овде во целост образложено.

СОПСТВЕНОСТ; ОГРАНИЧУВАЊА ЗА УПОТРЕБА

Содржината на Сајтот и сите авторски права, патенти, трговски марки, услужни марки, трговски имиња и сите други права од интелектуална сопственост се во сопственост на CEE и/или негови даватели на лиценца и се заштитени со применливите авторски права и други закони за интелектуална сопственост. Вие потврдувате, разбирате и се согласувате дека нема да имате, ниту пак ќе барате, било какви права на или од содржината на Сајтот и/или дел од него, освен: (I) Вашите сопствени Кориснички барања (со исклучок на било какви материјали – на пр. Плакати од филмови, титлови, клипови, фотографии, песни, итн. – употребени во Вашите Кориснички барања што можат да Ви бидат лиценцирани од CEEN за употреба во Вашите Кориснички барања, на пример поврзани со натпревар или друга програма или додаток понуден на Сајтот (таквата содржина е насловена како „CEE Лиценцирана Сопственост“); и/или (II) на степенот на Вашите ограничени права за користење на сајтот за определени лични (нетрговски) цели, како што е утврдено подолу во делот ЛИЦЕНЦИ ДОДЕЛЕНИ НА ВАС, предмет на условите утврдени подолу во делот ВАША ОДГОВОРНОСТ и други околности во овие Услови. Освен во поврзувањето со Вашите Кориснички барања (и тогаш само во степен на Ваша контрола на нив), или доколку сте изрично овластени од CEE согласно со овие Услови или на друг начин, Вие се согласувате да не ги копирате, репродуцирате, дуплирате, складирате, запишувате содржина за понатамошно користење, пристапувате преку технологија или други средства од оние обезбедени на Сајтот, извршувате, пренесувате, продавате, препродавате, превземате, прикачувате, архивирате, лиценцирате на други, модифицирате, манипулирате, креирате изведени дела од или врз основа на (вклучувајќи, без ограничување, спојувања, монтажи, позадини, рингтонови, честитки, маици или друга стока), издавате, одново издавате, објавувате, пренесувате, јавно прикажувате, поврзување од или до, дистрибуирате, споделувате, вметнувате, преведувате, разделувате, откривате технологија, пренсувате, вметнувате во хардверска или софтверска апликација, употребувате за комерцијални цели, или друг начин на употреба или експлотација на Сајтот или некој негов составен дел. Било кое неовластено користење напоменато погоре ќе предизвика непочитување на авторските права и останатите права од интелектуална сопственост на CEE и/или неговите даватели на лиценца (вклучувајќи, без ограничување, други корисници на Сајтот кои ги поднеле нивните Кориснички барања) и со прекршување на овие Услови може да бидете предмет на граѓанска и/или кривична одговорност во согласност со важечките закони.

ЛИЦЕНЦИ ДОДЕЛЕНИ НА ВАС

Предмет на овие Услови (вклучувајќи, без ограничување, делот ВАШИТЕ ОДГОВОРНОСТИ утврден подолу), кои ние Ви го доделуваме, само  до степен неопходен за функционалноста која е овозможена за Вас на или преку Сајтот, се ограничени, отповикливи, не-ексклузивни, непреносливи, распространети, ненадоместливи права и лиценци (секоја „Лиценца“):

1. Лиценца за пристап, преглед и друг вид на употреба на Сајтот (вклучувајќи, без ограничување било која од Услугите на Сајтот овозможени на или преку Сајтот) за Ваша лична (нетрговска) и употреба во согласност со закон, намената за вообичаена и авторизирана функционалност на Сајтот;

2. Лиценца за споделување на содржината на Сајтот користејќи некои од додатоците и/или друго дигитално споделување на Интернет видео плеери, доколку ги има, овозможени на Сајтот (било каков додаток или друг дигитален и споделувачки Интернет видео плеер означен како „Додаток на Сајтот“) за Ваша лична и употреба во согласност со закон;

3. Лиценца за копирање на определен код направен изрично за Вас преку Сајтот (ако таквата функционалност е поставена како функционалност за „споделување“ или не) со цел да се вметнува,  повторно објавува, одржува, и/или за прикажување на определена содржина на Сајтот со која кодот се поврзува на Вашите лични, прилагодени Веб страници, Веб блог(ови) или микроблог(ови) на социјалните мрежи (заедно, Ваши „Лични Социјални Медиуми“) и/или ако Сајтот овозможува можност за „земање на елементи и вградување“ ,  да „земете“ Елемент од Сајтот, да го проследите, да го реобјавите, одржувате и/или да објавите таков Елемент од Сајтот на Вашиот Личен Социјален Медиум;

4. Лиценца за копирање на определен код направен изрично за Вас преку Сајтот и/или ако Сајтот овозможува можност за „земање на елементи и вградување“ ,  да „земете“ елемент од Сајтот, да го проследите, како што е применет, таквиот код и/или Додаток на Сајтот на Вашите пријатели, па тие да можат да ја гледаат содржината на Сајтот, и/или ако тие сакаат, да вметнат понатаму дел од кодот или Додатокот на Сајтот на нивните Лични Социјални Медиуми или да го препратат на нивните пријатели;

5. Доколку Сајтот вклучува „Испрати на пријател“ или слична алатка што Ви дозволува да пратите на некој од Вашите пријатели електронска порака кој вклучува содржина на Сајтот, и доколку алатката е употреблива, Лиценцата се однесува единствено за користење на алатката што ја бараат серверите на Сајтот за да ја пренесат пораката до  Вашите пријатели;

6. Доколку Сајтот вклучува линк за „Превземање“ на дел од содржината на Сајтот (вклучувајќи, без ограничување, слика, икона, позадина, песна, видео, трејлер, RSS feed), Лиценцата се однесува за превземање единствено на една копија од таквата содржина на еден компјутер, мобилен или друг уред за лична, нетрговска употреба;

7. Доколку Сајтот Ви овозможува да превземате Софтвер, Лиценцата за инсталирање и употреба на една копија од Софтверот на Вашиот компјутерски систем, мобилен или друг дозволен уред во форма на machine-executable кодови и да направите дополнителна копија за back-up цели; сепак, разбирате и се согласувате дека (I) со дозволата за превземање на Софтвер, CEE не Ви го пренесува Софтверот на Вас ( на пример: Вие поседувате медиум на кој Софтверот е снимен, но сопственикот на Софтверот (што може да биде CEE и/или давател на лиценца за Софтверот како трета страна) ќе ја задржи сопственоста на таквиот Софтвер; (II) Вие не може да копирате, модифицирате, адаптирате, преведувате на било кој јазик, дистрибуирате или создавате изведен производ базиран на Софтверот без соодветна пишана дозвола на CEE; (III) Вие не може да го припишете, издавате, позајмувате Софтверот на било кое лице или битие и било каков Ваш обид да го подлиценцирате, префрлите или припишете Софтверот ќе биде неважечки и без ефект; (IV) Вие не може да разделувате, расклопувате, откривате технологија, или обид за реконструкција, идентификување, или откривање на изворниот код, обележувајќи идеи, основни интерфејс техники, или алгоритми од Софтверот со било какви средства, освен до степенот на ограничување на горенаведеното кое е забрането со применливиот закон; и (V) Вие нема да извезувате или реизвезувате Софтвер на било кој начин на прекршување на законите на Англија и Велс или друга странска надлежност;

8. Лиценца за добивање на регистрирана лична сметка (и/или поврзано корисничко име и  лозинка) на Сајтот и општење со други корисници на Сајтот како дел од виртуелните простории за разговор, форуми, медиуми на социјални мрежи, онлајн мултиплеер игри и/или други активности или слични Услуги понудени на Сајтот; и

9. Лиценца за користење на други функционалности изрично обезбедени од CEE на/или преку Сајтот за употреба на корисниците, е предмет на овие Услови (вклучувајќи, без ограничувања, функции за создавање и/или поднесување на корисничко барање).

 

ВАШИ ОДГОВОРНОСТИ

Вашите права од било која од Лиценците наведени погоре се условени со Вашата согласност со секое од следниве:

1. Вие нема да креирате или да поднесете (како што е дефинирано подолу) Кориснички барања што се незаконски, порнографски, непристојни, погрдни, клеветнички, заканувачки, дискриминаторски, вознемирувачки, силеџиски, вулгарни, недостојни, осквернувачки, говор на омраза, расно, културно или етнички навредливи, или што поттикнува криминално однесување, или што доведува до, или потенцијално доведува до граѓанска или кривична одговорност, или што прекршува некои применливи закони, правила, прописи на Федералната Комисија за Трговија („Применливи Закони“), или што повредува и прекршува интелектуална сопственост на други страни, публицитет, или приватност или линкови кои повредуваат или имаат недозволена содржина;

2. Вие нема да вметнувате, реобјавувате, одржувате и/или објавувате содржина на Сајтот (вклучувајќи, без ограничување, на некои од Вашите Кориснички барања ) на некој Личен Социјален Медиум или друг веб сајт или друга Интернет локација што вообичаено содржи или хостира содржина која е незаконска, порнографска, непристојна, погрдна, клеветничка, заканувачка, дискриминаторска, вознемирувачка, силеџиска, вулгарна, недостојна, осквернувачка, со говор на омраза, расно, културно или етнички навредлива, или што поттикнува криминално однесување, или што доведува до, или потенцијално доведува до граѓанска или кривична одговорност, или што прекршува некои Применливи Закони, или што повредува и прекршува права од интелектуална сопственост на други страни или линкови кои повредуваат или имаат недозволена содржина;

3. Вие нема да праќате рекламни пораки, врзани пораки, пирамидални шеми или некое друго несакано или неавторизирано рекламирање или промотивни материјали, или вознемирување, следење, наштетување, или друго предизвикување на психичка или физичка болка или повреда на некој, или клеветење или омаловажување на некој, или некое друго незаконско или непристојно однесување додека го користите овој Сајт;

4. Вие ќе обезбедите точна, моментална и комплетна информација за Вас или било кој друг, и нема да овоможите неточна информација за Вас или било кој друг (вклучувајќи, без ограничувања, кога ќе бидете прашани на Сајтот да овозможите точна информација за Вашата возраст), и Вие нема да се претставувате како некој друг или на друг начин да се поистоветувате со друга личност или ентитет;

5. Вие нема да користите некоја од Лиценците доделени на Вас (и друга поврзана функционалност) за да собирате, добиете, пренесувате, репродуцирате, бришете, ревидирате, гледате, прикажувате, некој материјал или информација, било да се лични или не, објавени од било кој друг корисник на Сајтот, освен ако имате добиено соодветна дозвола од тој корисник;

6. Вие нема да се вмешувате или ја попречувате, или се обидете да се вмешувате или ја попречувате работата на Сајтот (или некои негови делови) ;

7. Вие ќе се придржувате до сите белешки за авторски права, трговски марки, и забрани содржани или поврзани со некоја содржина на Сајтот;

8. Вие нема да отстранувате, менувате, да се вмешувате, или заобиколувате определени авторски права, трговски марки, жигови, или друг вид на сопственост обележана/прикажана во содржината на Сајтот, Софтверот или Услугите на Сајтот;

9. Вие нема да отстранувате, менувате, да се вмешувате или заобиколувате некој механизам за управување со дигитални права, уред или друга заштитена содржина или мерка за контрола на пристапот (вклучувајќи, без ограничување географската положба и/или шифрирањето) поврзани со содржината на Сајтот;

10. Вие нема да користите некои од правата кои Ви се доделени или од содржината на Сајтот или Услугите на Сајтот во поглед на соодветствување со некои од производите, услугите или брендовите на CEE, освен ако тоа специјално не Ви е дозволено од CEE;

11. Вие нема да користите ботови, спајдери, офлајн читачи, или други автоматски системи за пристап или употреба на Сајтот на начин што ќе праќа повеќе пораки со барања на серверите на Сајтот во даден период за кој човек може на некој начин да ја пренесе во истиот период со користење на конвенционален Веб пребарувач, освен ако е законски дозволен јавен прабарувач, во кој случај (предмет на потполна дискреција на CEE за отповикување на овој исклучок во секое време), Вие може да користите спајдери за да обележите материјали од Сајтот единствено за цели на креирање на јавно достапни обележувачо (но не кеш или архива) на таквите материјали;

12. Вие нема со Ваше знаење да пренесувате материјал што содржи адвер, малициозен софтвер, спајвер, софтверски вируси, временски бомби, откажувачи, црви, тројански коњи, или било кои други компјутерски кодови, фајлови или програми дизајнирани за да ја попречат, уништат или ограничат функционалноста на било кој компјутерски софтвер, хардвер или телекомуникациска опрема;

13. Вие нема да направите ништо што не може да влијае или да се одрази негативно на добрата волја или репутацијата на CEE или неговите филијали, или Сајтот, или било која содржина промовирана на Сајтот (вклучувајќи, без ограничување, било кој филм, телевизиска програма или друга иницијатива);

14. Вие нема да направите ништо што ќе ги ограничи корисниците на Сајтот да пристапат или да го користат Сајтот или некој негов дел;

15. Вие ќе бидете одговорни за одржувањето на тајноста на било кое корисничко име или лозинка поврзана со пристапот на Сајтот (вклучувајќи, без ограничување, во тие инстанци во кои корисниците на Сајтот го користат механизмот за создавање на сметки и менаџирање на социјалната мрежа на трета страна, вебсајт или уред), и сте целосно одговорни за сите активности што се појавуваат под Вашето корисничко име и/или лозинка; и

16. Вие ќе го користите Сајтот и Лиценците постојано во согласност со овие Услови и сите применливи Закони.

ПРИЈАВИ НА КОРИСНИЦИТЕ; ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА НА CEE; ВАШИ ГАРАНЦИИ И ПРЕТСТАВУВАЊА

Сајтот може да Ви овозможи да праќате, објавувате, префрлате, пренесувате преку веб камера или слична функција или на друг начин да поднесувате на Сајтот (вклучувајќи, без ограничување, со дозвола да го овозможите URL-то каде Вашата содржина се наоѓа), или на друг начин да се појавува или разменува (вклучувајќи, без ограничување, со другите корисници на Сајтот) на или со средства на Сајтот до други дестинации, како што се страни на социјалните мрежи (вклучувајќи, без ограничување, Ваши Лични Социјални Медиуми) (заеднички, „Објави“), ваши видеа, текстуални коментари, фотографии, слики, или друга креативна работа и/или друга лична медиска содржина и Ваши идеи, мислења, повратни информации, и други информации, (заедно, Ваши „Кориснички објави“), и таквите Кориснички објави ќе им бидат достапни генерално на сите корисници на Сајтот или на други користејќи дестинации (како на пример страници на социјалните мрежи) каде Вие имате поднесено Ваши Кориснички објави. Со поднесување на Вашите Кориснички објави на или од средства на Сајтот, Вие изрично потврдувате и се согласувате дека Вие и само Вие ќе бидете одговорни за содржината на Вашите Кориснички објави и за некои последици што може да произлезат оттаму. Освен како што може да биде овозможено од некои Специјални Правила, не е вообичаено воспоставена пракса на CEE,  да следи, контролира или да има сознанија за Корисничките објави поднесени со помош на Сајтот, но CEE може тоа да го направи со своја целосна дискреција. Кога ги објавувате (или се обидувате да го објавите) Вашите Кориснички објави на или со средства на Сајтот, вие автоматски доделувате на CEE и на нивните филијали, неотповикливи, постојани, распространети, неусловени, неограничени, целосно платени, преносливи, потполно подлиценцирани на повеќе подлиценцори, не-ексклузивни права или лиценци („CEE Лиценца“) да ги објавуваат, јавно изведуваат, дистрибуираат (вклучувајќи, без ограничување, преку Веб сајтови на трети страни, блогови, микроблогови и други медиуми на социјалните мрежи и Интернет и мобилни ресурси и апликации), складирање, префрлање од еден во друг код, хостирање, кеширање, одржување, интернет и мобилно емитување, пренесување, дистрибуирање, означување, следење, репродуцирање, уредување, модифицирање, форматирање, ре-форматирање, поврзување до и од, повторно користење и/или друго искористување на Вашите Кориснички објави ( или некои делови или изведени работи од нив) и било кои имиња, сличности, гласови, слики, дигитални снимки, изведби, и други идеи, концепти, повратни одговори и други материјали вклучени во Вашите Кориснички објави, на било кој начин, медиум или технологија за пренос на содржина која е непозната или долу наведена, за било каква цел, утврдени исклучиво со целосна дискреција на CEE (или неговите авторизирани лица/лиценци`), без барање за било каква компензација за Вас или на било кој друг, или потреба за побарување на дополнителна согласност од Вас или било кој друг, или потреба за обезбедување на нотификација или било каква заслуга за Вас или некој друг. Лиценцата на CEE ќе продолжи да важи во согласност со нејзините услови без оглед на тоа дали ќе престанете да го користите Сајтот или CEE Ви забрани пристап до Сајтот. НИТУ ЕДНА РАБОТА СОДРЖАНА ОВДЕ НЕМА ДА СЕ СМЕТА ПРЕНЕСЕНА НА CEE ИЛИ НА БИЛО КОЈ ОД НЕГОВИТЕ ФИЛИЈАЛИ БИЛО КАКВИ СОПСТВЕНИЧКИ ПРАВА ВО И НА ВАШИТЕ ОВОЗМОЖЕНИ КОРИСНИЧКИ ОБЈАВИ. СЕПАК CEE И/ИЛИ НЕГОВИТЕ ФИЛИЈАЛИ И/ИЛИ НЕГОВИТЕ ЛИЦЕНЦОРИ ЌЕ ЗАДРЖАТ ЕДИНСТВЕНА И ЕКСКЛУЗИВНА СОДРЖИНА НА БИЛО КОИ ОД ЛИЦЕНЦИРАНИТЕ СРЕДСТВА НА CEE (АКО ИМА НЕКОИ) ВКЛУЧЕНИ ВО ВАШИТЕ КОРИСНИЧКИ ОБЈАВИ. ИАКО СО ПОДНЕСУВАЊЕ НА ВАШИТЕ КОРИСНИЧКИ ОБЈАВИ, ВИЕ ИМ ГИ ДОДЕЛУВАТЕ НА CEE ПРАВАТА И ЛИЦЕНЦИТЕ НАВЕДЕНИ ПОГОРЕ, ВИЕ ПРИЗНАВАТЕ И РАЗБИРАТЕ ДЕКА НИШТО ШТО Е СОДРЖАНО ОВДЕ ЌЕ ГО ОБВРЗЕ CEE И/ИЛИ БИЛО КОЈ ОД НЕГОВИТЕ ФИЛИЈАЛИ ИЛИ АВТОРИЗИРАНИ ЛИЦА ДА ХОСТИРААТ, ДИСТРИБУИРААТ, ПРИКАЖУВААТ ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН ЕКСПЛОАТИРААТ БИЛО КОИ ОД ВАШИТЕ КОРИСНИЧКИ ОБЈАВИ ИЛИ ПРИМЕНУВАЊЕ НА ДРУГИ ПРАВА ОД CEE ЛИЦЕНЦАТА. Вие признавате и се согласувате дека: (a) Вие немате очекување за доверливост од било каква природа во однос на Вашите Кориснички објави, и (б) CEE и/или било кој од неговите филијали може да имаат проекти кои се предмет на разгледување што се слични со Вашите Кориснички објави или може независно да развиваат проекти кои се слични со Вашите Кориснички објави. Поради вирусната природа на социјалните медиуми, Вие не треба да поднесувате било каква содржина или информација до CEE што не сакате да биде гледана и споделувана или на друг начин дистрибуирана од други. Во врска со сите Кориснички објави што ги поднесувате до Сајтот, било какви други активности што водат на или со средствата на Сајтот, Вие изјавувате, гарантирате и разбирате дека: (I) Корисничките објави се оригинални за Вас (со други зборови, дека Вие ги поседувате сите права во и на Вашите Кориснички објави) или, алтернативно, дека ги имате сите потребни права на Вашите Кориснички објави што Ви овозможува да им ја доделите CEE Лиценцата на CEE; (II) Вие сте платиле или задоволиле и ќе платите или задоволите во целост лиценцен надоместок, давачки, такси, и било какви други финансиски или обврски на трети страни од било кој вид, ако ги има, произлезени од користење на Вашите Кориснички објави, и CEE нема да биде одговорен за такви одговорности; (III) Вашите Кориснички објави не ги повредуваат правата од интелектуална сопственост, правата на приватност, или некои други легални или морални права на некоја трета страна; (IV) ниту една од Вашите Кориснички објави, ниту било која друга активност што ја превземате на Сајтот, се или во некое време ќе бидат: погрдни или потценувачки за било која индивидуа или ентитет, незаконска, порнографска, непристојна, заканувачка, вулгарна, недостојна, осквернувачка, со говор на омраза, сексуално експлицитна или сексуално сугестивна, со намера да биде силеџиска или вознемирувачка, или може да резултира со силеџиство, вознемирување, или следење, расно или етнички или културно навредлива, или на друг начин да охрабрува криминално однесување, или да поттикнува, или потенцијално да поттикнува граѓанска или криминална одговорност, или да поврзува со повреда или неавторизирана содржина, или да пренесува несакани рекламни материјали, или да има намера да доведе до, или доведува до, било каква психичка или физичка болка или повреда на било која личност, прекршувајќи било кој од Применливите Закони или на овие Услови, или прекршувајќи ја приватноста на некоја личност; и (V) Вашите Кориснички Пријави немаат намера да донесат бенефит за Вас и некое трговско претпријатие поврзано со Вас или трета страна. Вие се согласувате да ја чувате цела евиденција потребна за утврдување дека Вашите Кориснички објави не прекршуваат било кој од претходните изјави и гаранции и таквата евиденција да ја ставите на располагање на CEE по нивно барање.

CEE не одговара за било какво губење, кражба или оштетување од било кој вид на било кои Кориснички објави.

Вие потврдувате дека CEE не прави како дел од неговата вообичаена пракса преглед на било кои Кориснички објави поднесени од Вас или други корисници на Сајтот но дека CEE (и/или некој од неговите авторизирани лица) има право и може да прегледа или испита по првото поднесување било кои од Корисничките објави од повеќе причини, вклучувајќи, без ограничување, во согласност со овие Услови или Применливите Закони, или ако на друг начин посака или е неопходно, како што е одлучено од CEE во негова единствена дискреција. CEE ќе го има правото на негова единствена дискреција да одбие, отфрли, промени, или оневозможи Ваша Корисничка објава (и/или Корисничка објава на некој друг корисник на Сајтот) што ги прекршува овие Услови или на друг начин е непожелна, како што е определено од CEE во негова сопствена дискреција, како и да прекине Ваш и/или на било кој друг корисник на Сајтот континуиран пристап на и/или друга употреба на Сајтот (вклучувајќи, без ограничување, пристап до и/или употреба на било која од Услугите на Сајтот, додатоци или функции достапни на или преку Сајтот). CEE не врши контрола ниту врши одобрување на било какви Кориснички објави, и било какви Кориснички објави поднесени на Сајтот не се одразуваат на ставовите, погледите и политиките на CEE или било кој од неговите филијали. CEE одбива било каква одговорност во поврзувањето со некои или сите Кориснички објави, и дека Вие се согласувате да се откажете од секакви правни или справедливи права или поттикнувања што Вие може да ги имате против CEE или некои од неговите филијали со почитување на таквите Кориснички објави.

Ако отстраните или избришете нешто од Вашите Кориснички објави од Сајтот, таквата Корисничка објава ќе биде отстранета од Сајтот во разумен период. И покрај тоа, Корисничката објава што Вие ќе ја отстраните може сеуште да биде достапна за трети страни што претходно се здобиле со линкот на таквата Корисничка објава и CEE може да задржи копии за архивски цели.

CEE го задржува правото да прикажува реклами поврзани со Вашите Кориснички објави и да ги користи Вашите Кориснички објави за рекламирање и промоција на истите (целосно или делумно) или било кои производи или услуги на CEE. Вие потврдувате и се согласувате дека немате права или интерес за било какви надокнади генерирани од таквите рекламирања.

Овие одредби ќе останат во сила и ќе имаат важност и покрај тоа што ќе има било каква забрана за Ваше користење на Сајтот.

ЛИНКОВИ ОД ТРЕТИ СТРАНИ

Сајтовите може да поврзуваат и/или да содржат реклами за Веб сајтови или други Интернет или мобилни ресурси што не се во сопственост или контрола на CEE. Вие потврдувате и разбирате дека CEE не одобрува или спонзорира такви Веб сајтови или Интернет ресурси на трети страни и CEE НЕДВОСМИСЛЕНО И ОФИЦИЈАЛНО СЕ ОГРАДУВА ОД БИЛО КАКВА ОДГОВОРНОСТ ЗА БИЛО КАКВА СОДРЖИНА, СОФТВЕР, ФУНКЦИОНАЛНОСТ, УСЛУГА ИЛИ РЕКЛАМИРАНИ ПРОИЗВОДИ ИЛИ СЕРВИСИ КОИ СЕ НАОЃААТ ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО БИЛО КОИ ТАКВИ ВЕБ СТРАНИ ИЛИ ДРУГИ ИНТЕРНЕТ ИЛИ МОБИЛНИ РЕСУРСИ НА ТРЕТИ СТРАНИ.

ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРЕНИТЕ УСЛОВИ

ВИЕ НЕДВОСМИСЛЕНО СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА САЈТОТ Е НА ВАШ ЦЕЛОСЕН РИЗИК. САЈТОТ (И БИЛО КОЈ ДЕЛ ОД САЈТОТ) Е ОВОЗМОЖЕН „КАКО ШТО Е“, „СО СИТЕ ГРЕШКИ“ И „КАКО ШТО Е ДОСТАПЕН“, ДО НАЈВИСОКИОТ ДОЗВОЛЕН СТЕПЕН ОД ЗАКОНОТ, CEE И НЕГОВИТЕ ФИЛИЈАЛИ НЕДВОСМИСЛЕНО СЕ ОГРАДУВААТ ОД СИТЕ ДОГОВОРЕНИ УСЛОВИ ОД БИЛО КОЈ ВИД, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СЕ ИЗРИЧНИ ИЛИ СЕ ПОДРАЗБИРААТ (ВКЛУЧУВАЈЌИ, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, НА ГАРАНЦИИТЕ ШТО СЕ ПОДРАЗБИРААТ ЗА ПРОДАЖБА, СООДВЕТНОСТ ЗА ОПРЕДЕЛЕНА УПОТРЕБА И НЕПРЕКРШУВАЊЕ). Ниту CEE ниту некоја од неговите филијали не дава гаранции или репрезентации за прецизноста или компетентноста за содржината достапна на или преку Сајтот или содржината на било кои Веб страни, Лични Социјални Медиуми или други Интернет или мобилни ресурси поврзани со Сајтот и не претпоставува одговорност за било какви: (I) грешни или неточни содржини; (II) лични повреди или оштетувања на сопственоста, од било каква природа, што е резултат на Ваш пристап или употреба на Сајтот (или некои негови делови); (III) било каков неавторизиран пристап или употреба на серверите за сигурност на CEE и/или било какви лични податоци складирани на нив; (IV) било какво нарушување или престанок на преносот до или од Сајтот; (V) било какви грешки, вируси, Тројанци, или слични што можат да бидат пренесени на или преку Сајтот (или некои негови делови) од било која трета страна; и/или (VI) за било каква загуба или оштетување од било каков вид настанато како резултат на употребата на било кои од Корисничките објави и/или друга содржина на Сајтот објавена, споделена, препратена, пренесена или на друг начин овозможена на или од средствата на Сајтот и/или на друг начин преку Ваше или користење на Сајтот од други корисници на други права од било која од Лиценците доделени од CEE. CEE го задржува правото на негова единствена и ексклузивна дискреција, да промени, модифицира, додаде, отстрани или оневозможи пристап до било кој дел од Сајтот (вклучувајќи, без ограничување било која од Услугите на Сајтот).

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА ДО СТЕПЕНОТ ДОЗВОЛЕН ОД ПРИМЕЛНИВИТЕ ЗАКОНИ, ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НЕМА CEE ИЛИ БИЛО КОЈА ОД НИВНИТЕ ФИЛИЈАЛИ ИЛИ БИЛО КОЈ ОД НИВНИТЕ ОДНОСНИ СЛУЖБЕНИЦИ, ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АКЦИОНЕРИ, АГЕНТИ, ИЛИ ЛИЦЕНЦОРИ ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ИЛИ БИЛО КОЈ ПОД БИЛО КАКВА ПРЕТПОСТАВКА ЗА ОДГОВОРНОСТ (БИЛО ДА Е ТОА ДОГОВОР, НЕИЗВРШУВАЊЕ НА ОБВРСКИ, СТАТУТАРНИ ИЛИ ОД ДРУГ ВИД) ЗА БИЛО КАКВИ ИНДИРЕКТНИ, НЕНАМЕРНИ, СПЕЦИЈАЛНИ, КОНСЕКВЕНТНИ ИЛИ ПРИМЕРНИ ШТЕТИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ НО НЕ ОГРАНИЧЕНО ЗА, ШТЕТИ ИЛИ ЗАГУБИ НА ПРИХОДИ, ПРОФИТИ, ДОБРА ВОЛЈА, УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИ ИЛИ ДРУГИ НЕОДРЕДЕНИ ЗАГУБИ (ДУРИ И АКО ТАКВИТЕ СТРАНИ СЕ СОВЕТУВАНИ , АКО ЗНАЕЛЕ ИЛИ ТРЕБАЛО ДА ЗНААТ ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ), КАКО РЕЗУЛТАТ НА ВАША УПОТРЕБА (ИЛИ УПОТРЕБАТА НА БИЛО КОЈ ДРУГ КОРИСТЕЈЌИ СМЕТКА РЕГИСТРИРАНА НА ВАС) НА САЈТОТ ИЛИ НЕКОИ НЕГОВИ ДЕЛОВИ. ВИЕ ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА БЕНЕФИТИТЕ КОИ СЕ РЕЗУЛТАТ НА ОВИЕ УСЛОВИ ПРЕТСТАВУВААТ СООДВЕТНА КОМПЕНЗАЦИЈА ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕТО И/ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА ОДГОВОРНОСТА КАКО ШТО Е ОПИШАНО ПОГОРЕ.

ИСКЛУЧОЦИ И ОГРАНИЧУВАЊА

Некои јурисдикции не дозволуваат исклучување од определени гаранции или ограничување на одговорноста за ненамерни или последователни штети. Во согласност со нив, некои од погоре споменатите ограничувања и услови на употреба може да не се применуваат на Вас. Во продолжение CEE не може, како дел од применливото право, да откаже било каква вметната гаранција или да ги ограничи сопствените одговорности, нивниот обем и времетраењето на таквите гаранции и степенот на одговорноста на CEE ќе биде минимално дозволено со таквото применливо право.

ОБЕШТЕТУВАЊЕ

Вие се согласувате да го обештетите и да не го повредите CEE и нејзините партнери, службеници, директори, вработени, претставници, ополномоштени и овластени лица,  наследници и побарувачи во однос на настанати обврски, штети, загуби, трошоци, такси ( вклучувајќи и во разумни рамки, надворешни адвокатски такси и трошоци), бидејќи такви состокби можат да настанат како резултат на или да произлегуваат од:  (I) било коjа  вашa корисничка објава; (II) ваше користење на било кое од вашите права дадени со лиценците без тие да бидат усогласени со вашите одговорности утврдени во овие Услови, (III) повреда на било која од вашите гаранции, репрезентации, договори, обврски или други обврски утврдени во овие Услови, (IV) прекршување на кое било лице на неговата интелектуална сопственост, приватност, публицитет или друго право; (V) прекршување на важечките закони и/или овие Услови од ваша страна и/или од страна на некој кој ја користи вашата регистрирана корисничла сметка за пристап и/или на друг начин го користи сајтот (во целост или делумно); или (VI) ваша намерна злоупотреба или намерна злоупотреба на некој кој пристапува на сајтот преку на вашата регистрирана корисничка сметка, во врска со вашето (и / или  на друга личност во ваше име) користење на сајтот (во целост или делумно). CEE го задржува правото да преземе ексклузивна одбрана и контрола на секое прашање инаку предмет на обесштетување од ваша страна, во тој случај, вие ќе соработувате со CEE користејќи ги сите расположливи одбрамбени средства. Оваа одредба ќе се применува и ќе биде биде на сила независно од престанокот на користењето на сајтот.

Commissariaat voor de Media (« CvdM »)

CvdM ја определува уредувачката содржина на програмските сервиси достапни на барање. Ова подразбира овозможување на почитување на правилата за материјали против поттикнување омраза или дискриминација материјали кој би можеле сериозно да го нарушат развојот на лица под 16 години, временската поставеност на производите во програмите и спонзорство на индивидуални програми или услуги Фондацијата Kijkwijzer, која ги надгледува овие правила. Можете да поднесете поплака во врска со било кој од овие аспекти на нашата услуга на барање до OFCOM преку користење на формуларот за онлајн поднесување на поплакапреку https://www.kijkwijzer.nl/index.php?id=500. Во врска со сите други аспекти на уредувачката содржина на програмските услуги на барање, може да поднесете жалба до CvdM, користејќи го онлајн формуларот за жалба на https://www.cvdm.nl/en/about-cvdm/openness-of-the-board/complaints-proce....

Ве молиме имајте предвид дека CvdMсе регулатори во само во однос на уредувачката содржина на нашата услуга за видео на барање. Рекламирањето во рамките на нашите услуги е регулирано преку Stichting Reclame Code (“SRC”). Може да пристапите до постапката SRCA за поплаки до оваа Управа онлајн преку https://www.reclamecode.nl/nrc/7-complaint-handling/?lang=en. Вие исто така можете до нив да поденсете поплака по пошта на адресата Stichting Reclame Code , Buitenveldertselaan 106, 1081 AB Amsterdam или телефонски на бројот [+0031] 020 696 00 19, или со испраќање на е-пошта на: info@reclamecode.nl.

Било какви прашања или забелешки во врска со уредувањето или рекламирање  можат да се испратат на електронската пошта до деталите за контакт наведени подолу во делот ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТАКТ.

Дополнителни информации за CvdM може да се најдат на https://www.cvdm.nl/

ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТАКТ

Сите прашања или поплаки што ги имате во врска со услугите на страницата (вклучувајќи ги и оние што се однесуваат на уреднички или рекламни прашања) може да се испратат по е-пошта до AXN-CE@antenna-entertainment.com или по пошта до CEE Thematics B.V. на Barbara Strozzilaan 101, 1083 HN, Amsterdam, Netherlands, со копија до CEE Thematics Korlátolt Felelősségű Társaság (седиште: 1133 Budapest,Váci út 76).

 

ОБВРЗУВАЧКА АРБИТРАЖА

 

Секој спор што произлегува од или во врска со овој договор, вклучително и секое прашање во врска со неговото постоење, валидност или раскинување, ќе биде упатен и конечно решен со арбитража според Правилата на LCIA, за кои правила се смета дека се инкорпорирани со повикување во оваа клаузула. Бројот на арбитри ќе биде еден. Седиштето, или правното место на арбитражата е Лондон, Англија, јазикот што ќе се користи во арбитражната постапка е англискиот, а регулаторното право на договорот е материјалното право на Англија и Велс („Применлив закон“).

 

ОДДЕЛУВАЊЕ; ОТКАЖУВАЊЕ

Доколку некоја одредба од овие Услови е незаконска, неважечка или од било која причина е неприменлива, тогаш таа одредба ќе се смета за деллива од овие Услови и не треба да влијае врз валидноста и применливоста од било која останата одредба. Неуспехот на CEE да употреби или примени некое право или одредба од овие Услови нема да претставува откажување од тоа право или одредба. Вие сте согласни дека без оглед на било каков противречен статут или закон, било какво барање или причина за акција кои произлегуваат надвор од или во врска од употребата на Сајтот или овие Услови  тужба мора да се поднесе во рок од една (1) година по таквото барање или причина за акција во спротивност настапува застареност. Оваа одредба останува на сила и делува и покрај престанокот на вашата употреба на сајтот.

 

ПРЕСТАНОК

Вие разбирате и се согласувате дека CEE може, со негова целосна дискреција во било кое време, да ги прекине или привремено да ги суспендира вашите права над некоја од Лиценците или пак вашиот пристап до Сајтот, и отфрли , отстрани, и/или оневозможи или деактивира некоја или сите од вашите Кориснички објави што сте ги поднеле на или од средства на сајтот и/или некоја друга информација или податок што вие(и/или некој друг) може сте ги обезбедиле на или од услугите на Сајтот, од било која причина. Исто така CEE може со негова целосна дискреција во било кое време, да прекине со работата на Сајтот или некој негов дел или да го лимитира или да го намали корисничкиот пристап, од било која причина, со или без известување. ВИЕ РАЗБИРАТЕ И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА CEE МОЖЕ ДА ПРЕВЗЕМЕ БИЛО КОЈА ИЛИ ПОВЕЌЕ  ОД ОВИЕ АКЦИИ БЕЗ НИКАКВО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ВАС, ПРЕД ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН, И ВИЕ РАЗБИРАТЕ И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА НИТУ CEE НИТУ НЕГОВИТЕ ПАРТНЕРИ НЕ ТРЕБА ДА ИМААТ НИКАКВА ОДГВОРНОСТ КОН ВАС ИЛИ КОН БИЛО КОЈА ДРУГА ЛИЧНОСТ ЗА НЕКОЕ ВАШЕ ОТКАЖУВАЊЕ (ИЛИ НА НЕКОЈ ДРУГ) НА ПРИСТАПОТ ДО САЈТОТ ИЛИ НЕКОИ НЕЈЗИНИ ДЕЛОВИ И/ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ, ИСФРЛАЊЕ, ОНЕВОЗМОЖУВАЊЕ ИЛИ ДЕАКТИВИРАЊЕ НА НЕКОЈА ОД ВАШИТЕ КОРИСНИЧКИ ОБЈАВИ (ИЛИ КОРИСНИЧКАТА ОБЈАВА ОД НЕКОЈ ДРУГ) ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ, ИСФРЛАЊЕ, ОНЕВОЗМОЖУВАЊЕ ИЛИ ДЕАКТИВИРАЊЕ НА НЕКОЈА ИНФОРМАЦИЈА ИЛИ ПОДАТОК ШТО ВИЕ (ИЛИ НЕКОЈ ДРУГ) МОЖЕ ГИ ОВОЗМОЖИЛ ОД УСЛУГИТЕ НА СТРАНАТА. Вие може да го прекинете вашиот пристап, употреба или учество на услугите од Сајтот во било кое време.

ПОМОШНИ ПРИВРЕМЕНИ МЕРКИ

Во рамките на овој документ, вие неотповикливо се одрекувате било кое право или правен лек да барате и/или да добиете привремена мерка или друго правно ослободување и/или да ја забраните или да ја ограничите или поинаку да ја нарушите на било кој начин, продукцијата, дистрибуцијата, изведбата или експлоатација на било кој CEE или на некој од партнерите на CEE за емитување на слика, продукција или проект, или употребата, објавувањето или дистрибуцијата на било какво рекламирање или промовирање поврзано со тоа емитување на слика, продукција или проект. Оваа одредба останува на сила и делува и покрај престанокот на вашата употреба на сајтот.

ПРОМЕНИ ВО СОПСТВЕНОСТА НА САЈТОТ

Ќе се смета дека Вие се согласувате со објавувањето, и користењето од следниот сопственик на Сајтот, на било која информација за вас содржана во важечката база на податоци на CEE, до таква мера што CEE ги доделува нејзините права и обврски што се однесуваат на такви информации во врска со здружување, спојување, или продажба на цел или дел од имотот на CEE, или во врска со здружување, спојување, или продажба на цел или дел од имотот поврзан со одреден Сајт, на следниот сопственик или оператор. Оваа одредба останува на сила и делува и покрај престанокот на вашата употреба на сајтот.

Датум на важност: 1 октомври 2021 г.